3 дена пред смртта дознал дека ќе стане дедо – Дејвид Боуви не дочека да го види своето прво внуче


Почина пред еден месец и не дочека да го види своето прво внуче. Сепак неколку дена пред смртта Дејвид Боуви дознал дека би требало да стане дедо, напишал неговиот син, режисерот Данкан Џонс на својот профил на Твитер.dejvid-bouvi

-Денес е еден месец откако татко ми умре. Му направив божиќна честитка. Се очекува во јуни. Животен циклус. Те сакам дедо – напишал Данкан Џонс покрај фотографијата на цртежот со дете во утроба покрај облаче „Чекам“.

Данкан Џонс, синот на Дејвид Боуви и неговата поранешна сопруга Енџи, е оженет со фотографкa, Боуви исто така ја има ќерката Лекси, од бракот со топмоделот Иман.

Боуви, еден од највлијателните уметници во последните 50 години, умре на 10 јанури, два дена пред својот 69-ти роденден и објавувањето на неговиот последен албум „Блекстар“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1