Се има на светов: 9 месечно бебе обвинето за обид за убиство (Видео)


Иако повеќето негови врсници се уште не ни одат, деветмесечниот Пакистанец, Мохамад Муса е далеку пред нив – тој веќе заработи обвинение за обид за убиство.

Малиот Мохамад заедно со неговиот татко и неколкумина соседи бил „приведен“ на 1 февруари.

klo2

klo3

Тие се приведени при индицент во кој локални жители на една работничка населба во градот Лахор фрлале со камења врз претставници на гасната компанија кои дошле во инспекција.

74035133_babycourtОткако завршило испитувањето полицаецот кој ја водел истрагата поднел записник дека се сите вмешани и на сите кои биле приведени, меѓу кои и деветмесечниот Мохамед, им поднел пријава – обвинети се за обид за убиство.

Врз основа на обвинителниот акт расплаканиот Мохамед вчера беше изведен пред Судот во скутот на дедо му Мухамед Јасин. Детето цело време плачело и било преплашено. Дедото успеал да го смири со шишенце млеко.

Судијата Рафак Али Камар согледувајќи ја грешката наредил суспензија на полицаецот кој го покренал обвинението против бебето, но не ја поништил тужбата против малиот Мохамед, кој ќе мора да се јави и на следното рочиште на 12 април.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1