Vizzair го „олеснил“ белградскиот аеродром, па пресели повеќе летови во Македонија


Заврши истрагата против Велимир Радосављевиќ , директор на белградскиот аеродром “Никола Тесла” , според информациите на српски Курир, одговорни во компанијата се осомничени за злоупотреба на службената должност, го оштетиле српскиот буџет за околу пет милиони евра во корист на авиокомпанијата “Vizz air “!

viz airСпоред медиумите визаир и одредени лица склучувале неосновани договори за ненормални попусти на аеродромот, што ниту една друга компанија ги немала и со тоа направиле мултимилионски штета за белградскиот аеродром.

– Радосављевиќ и другите лица одговорни направиле злоупотреба на службената положба, и без да се консултура УО направиле неповолни договори за аеродромот, а во корист на авиокомпанијата ” Виз ер ” – изјави изворот на курир од Министерството за внатрешни работи .

Според еден договор кој беше потпишан од страна на директорот на аеродромот во Белград на ” Визаир” во март 2011 година, добила огромни привилегии , компанијата само од попуст за такси за патници и авио услуги во последните три години , заработила 5.400.000 € .

– Унгарската нискобуџетна авиокомпанија ВизАир добила попуст од 20 отсто за патнички такси на терминал 1 , кои никој од авиокомпаниите досега не ги имал. Наместо на полната цена од 12 евра “, Виз ер ” плаќал 9,6 € по патник. За три години компанијата заработила вкупно 1.324.681 € . Попусти добивале и за аеродромските услуги за авионот – така само за осветлување и паркинг на авионот на пистата во Белград го оштетиле аеродромот за 4.087.669 € , а ” Виз ер ” профитирал пишува српски Курир.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1