За вчерашниот напад во Хајделберг е осомничен 35 годишник, чиј идентитет засега не се соопштува, но на интернет се појави некоја фотографија од моментот кога држи нож во рака и се заканува со него.
Тој со автомобил влета во пешачка зона, при што еден човек почина, а повеќе лица се повредени. Полицијата тешко го рани напаѓачот и тој е опериран во болницата во градот.
Германските власти се уште истражуваат дали станува збор за терористички чин. Според првичните информации, можно е да станува збор за психички болно лице.