Реките Пчиња и Крива се излееа од речните корита, поплавен е пат, неколку викендици и земјоделско обработлива површина.
Според информациите од општина Старо Нагоричане поплавен е патот кон селото Добрача, поплави има и во село Драгоманце кај бањата во Стрновац. Критична точка е и меморијалниот комплекс на АСНОМ во село Пелинце. Крива река е излеана кај селата Јачинце и Клечовце. Поплавени се шест викен куќи и обработлива земјоделска површина.
Екипи на Водостопанство Кумановско Липковско поле се на терен заедно со полицијата и преставници од дирекција за заштита и спасување но неможат да интервенираат поради водениот талог.
Нашите екипи се на терен веднаш штом ќе се намали водата ќе интервенираме изјави Филип Филиповски, директор на Водостопанство Кумановско Липковско поле.