Се излеа Пчиња и Крива река


Реките Пчиња и Крива се излееа од речните корита, поплавен е пат, неколку викендици и земјоделско обработлива површина.pcinja-500tgbhthedthnjt4hjne4x320

Според информациите од општина Старо Нагоричане поплавен е патот кон селото Добрача, поплави има и во село Драгоманце кај бањата во Стрновац. Критична точка е и меморијалниот комплекс на АСНОМ во село Пелинце. Крива река е излеана кај селата Јачинце и Клечовце. Поплавени се шест викен куќи и обработлива земјоделска површина.
Екипи на Водостопанство Кумановско Липковско поле се на терен заедно со полицијата и преставници од дирекција за заштита и спасување но неможат да интервенираат поради водениот талог.

Нашите екипи се на терен веднаш штом ќе се намали водата ќе интервенираме изјави Филип Филиповски, директор на Водостопанство Кумановско Липковско поле.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1