Се излеа реката Пена во тетовската населба Деребој утрово околу 5 часот. Реката се излеала од нејзиното корито и има поплавено земјена површина.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд, над 70 л/м2 наврнале во Маврово. Во сабота врнежите на повеќе места ќе бидат обилни, особено во првата половина од денот, а во јужните делови се очекува да наврнат нови 30 до 40 л/м2 дожд.
До крајот на денот врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 17 степени