Се излеа Вардар во Велес. Надојдената река поплави дел од населбите Шорка и Речани. Под вода се повеќе куќи, а целосно поплавени се земјоделските површини.
Поплавниот бран почна утринава. Жителите од овој регион велат дека реката се уште наодаѓа па поголем дел од населението ги напуштиле домовите.
Овој реон и по неколку пати во годината се поплавува велат жителите.. сепак не паметат вакво излевање на реката Вардар.
Инаку надојдената река поплави и половина од градскиот парк.. Под вода се тенискиот терен и трим патеката..
Интензивните врнежи од дожд пак го наполнија и езерото Младост. Само 10-тина сантиметри недостасуваат водата да прелие преку браната.
Sitel