Се изживувал: Лидерот на ИСИС ја силувал Американката пред да биде убиена!


Ни кажаа дека Кајли била злоставувана, дека била робинка на Багдади. Тоа властите ни го кажаа во јуни, потврдиле за ABC News родителите на Кајли, Карл и Марша.

Родителите на 26-годишната Американка Кајли Милер, која била убиена од припадниците на ИСИС, соопштиле дека американските власти им кажале дека нивната ќерка била сексуална робинка на лидерот на таа група, Абу Бакр Ал Багадади, и дека пред ликвидацијата константно ја силувал.isis siluvanje ubistvo

Веста која ја објавила портпаролката на семејството Милер, ја потврдил и еден американски службеник. Милер еден период била чувана во заробеништво од финансиерот на ИСИС, Абу Сајаф и неговата сопруга Ум Сајаф. Ал Багдади наводно лично ја довел во својот дом, каде подоцна константно ја силувал. Тој ја “земал” Милер за жена и ја присилувал на сексуални односи.

“Ни кажаа дека Кајли била злоставувана, дека била робинка на Багдади. Тоа властите ни го кажаа во јуни”, потврдиле за ABC News родителите на Кајли, Карл и Марша.

Претставник на американските власти рекол дека ги добил овие податоци од неколку тинејџерки, припаднички на Јазидите, кои биле сексуални робинки и биле во заробеништво со Милер, чија смрт била објавена во февруари.

Потсетуваме, Милер била киднапирана во сирискиот град Алепо во 2013. година, а ИСИС тврди дека била убиена во јордански воздушен напад. Американците за нејзината смрт ја обвинуваат Исламската држава.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1