Се јаде ли обвивката на колбасите?


Ако на колбасите има обвивка, мора да се наведе дали се јаде или не. На етикетата мора да стои и земјата на потекло на свинско, овчо, козјо и живина во сите негови варијанти – свежо, разладено или замрзнато, а досега потеклото беше задолжително само за говедското месо.

Датумот на замрзнување на рибата и на која температура, количината вода што ја содржи, земјата на потекло на месото од кое е произведен сувомесниот производ, детален опис на сите алергени состојки во конкретната храна, се само дел од барањата за означување на храната што мора важи за сите етикети на производите во ЕУ.

kolbasiБарањата се дел од европската регулатива 1169, која влегува во сила од 13 декември годинава. Регулативата од в година ќе важи и за македонските производители и трговци со храна, кои ќе мора да ги приспособат етикетите на новите правила. Сепак и на нашите оператори ќе им биде даден преоден рок за усогласување со новите правила за означување согласно најновите европски регулативи.

Ако е додаден протеин и ако водата е повеќе од 5 отсто, задолжително треба да се наведе на етикетата. Ако производот бил замрзнат постојано, се наведува датумот на првото замрзнување. мора да се наведат и процентот на масти и соодносот меѓу месен протеин и колаген при обележувањето на меленото месо. Ако на колбасите има обвивка, мора да се наведе дали се јаде или не. На етикетата мора да стои и земјата на потекло на свинско, овчо, козјо и живина во сите негови варијанти – свежо, разладено или замрзнато, а досега потеклото беше задолжително само за говедското месо.kolbasi2

– На етикетата мора да бидат опишани и алергени наведени во одредена апликација на регулативата. Тие се вклопуваат во листата на состојки, а ако таква нема – во посебна листа. Испишувањето треба да биде направено со јасни и прецизни букви, а производителот решава за бојата, формата и за големината. На етикетата задолжително се испишуваат и посебните услови за чување на веќе отворениот производ . Досега оваа информација се посочуваше доброволно – стои во регулативата.

Бугарските и српските медиуми деновиве пишуваат дека според новата регулатива за декларирање, производите нема да може да се видат од текстот што треба да стои на пакувањето. Според нив, проблем е и фонтот на зборовите.

– За да запре практиката со „ситни букви“, кои воопшто и не се читаат, регулативата бара фонтот да не е помал од 1,2 мм или 0,9 мм – пишуваат бугарските медиуми.

Според новите начини на означување на храната, одговорноста за точното етикетирање ја има фирмата што го пласирала на пазарот. Тоа значи дозволено е на етикетите да пишува: „Произведено за…“, без да се наведува името на производителот, што е практика кај сопствените брендови на синџирите, на пример. Ако операторот не е претпријатие од државата, одговорноста ја има увозникот.

Засега не е јасно какви ќе бидат санкциите за прекршителите.

Dnevnik.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1