Три фирми биле заинтересирани на повикот на градот за изградба на нов Луна парк, но само една ја вратила назад подготвена документацијата, пишува утрински весник. Дали е странска фирма или наша од градот не кажуваат.
неговата понуда сега ќе оди на евалуација, по што ќе се знае дали се прифаќа или не.
Јунакот кој ќе се нафати да го гради луна паркот треба да вложи околу 12 милиони евра. Има обврска да го изгради паркот на површина од 25.000 квадратни метри, а со него ќе стопанисува 35 години.
Освен класичните реквизити, инвеститорот ќе има обврска да изгради и дел за угостителски услуги, катче за продажба на сувенири, затворени простории за игра, како и да обезбеди соодветен паркинг-простор и друга техничка инфраструктура.
Утрински Весник