Се можеш да заборавиш, ама данок не – казните до 1000 евра – ЕВЕ КАКО ДА ПОПОЛНИТЕ


Кој и до кога треба да пополни даночна пријава? Датумот за физички лица е до 15 март

Данокот се пријавува во Управата за јавни приходи, којашто има подрачни единици во сите општини.На даночниот обврзник за сторен прекршок ќе му се изрече глоба во износ од 500 до 1000 евра во денарска противвредност, ако не поднесе Аконтативна даночна пријава во пропишаниот рок.ujp danocna prijava

Како се пополнува даночна пријава?

Во УЈП ви даваат образец што се нарекува ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА или попознати како документи наречени ПДД-ГДП. Во него ги внесувате вашите лични податоци на горниот дел од документот. Времетраењето на даночната пријава во редовна постапка е од 1 јануари до 31 декември, а се внесуваат приходите што ви се исплатени заклучно со тие денови. Во делот наречен „остварени приходи“ се наведени 20 параграфи, од кои секој носи посебно име.

Преземете гo интерактивното упатство каде практично е објаснето пополнувањето и начинот на поднесување на Годишната даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“).

За приходите кои сте ги оствариле во изминатата 2014 година и за кои имате обврска да ги пријавите во УЈП, поднесете ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА (образец ПДД-ГДП) до даночните канцеларии или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk
– Преземете го образецот ПДД-ГДП од веб страницата на УЈП
(кликни тука)
– Како да ја пополните Годишната даночна пријава? (преземи видео)
– Зошто, Кој, Кога, Каде и Како треба да ги пријави приходите во УЈП?
(преземи брошура)

Доколку имате дополнителни прашања контактирајте не преку Инфо центарот на бесплатната телефонска линија 0800 33 000.

Задолжително поднесете Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи, доколку во текот на 2011година:
сте издавале под закуп (кирија) или подзакуп: станбен или деловен простор, гаража, земјиште, викендица, опрема, превозни средства или друг вид на имот;

сте склучиле авторски договор, односно сте оствариле приход од авторски права и права од индустриска сопственост;
ви била исплатена дивиденда или камати по основ на заем кој сте го дале на физичко или правно лице;

сте оствариле капитална добивка од продажба на хартии од вредност на берза, учество на капитал и недвижен имот;
сте оствариле добивка од игри на среќа, од спортско обложување, од лото, од ТВ наградни игри;

имате лични примања од странство;

работно сте ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација во РМ, односно имате лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави во РМ или пак остварувате лични примања кај претставници и службеници на претставништва кои уживаат дипломатски имунитет; и сте оствариле и “други приходи”.

ВАЖНО: Не поднесувајте Годишна даночна пријава доколку имате остварено само приход од плата, од пензија, од земјоделска дејност или од самостојна дејност.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1