Се нафрлате, ве чеша кожата, имате црвенила – во овие производи има опасна хемикалија


И покрај тоа што ви се напишани состојките на производите, на самите декларации, сепак вие всушност малку знаете или воопшто не знаете ништо за нивната опасност која може да влијае штетно на вас и на вашето семејство?

Zena_kupuje_kozmetikaОсипите кои ќе ги добиете по телото, може да бидат како последица на конзервансите кои се наоѓаат во многу козметички производи, а може да бидат и во влажните марамици за децата. Имено се работи за конзерванс „метилклороизотиазолинон“ и „метилизотиазолинон“, кои може да предизвикаат осип.

Доколку вашето дете има осип кој не поминува ни по третирањето со разни антибиотиски креми ни стероиди, може да е предизвикан од овоие конзерванси кои се пронајдени во децките влажни марамици. Во член објавен во списанието „Педиатрикс“ се наведуваат шест случаи на детски осип на „дерматитис“ кој е предизвикан од конзервансот MCI/MI, кој се наоѓа во имено проверените детски производи и влажните марамици.

Имено иако детските марамици се сигурни и покрај тоа што до сега не е пријавен ниеден проблем кај децата, кај пациентите се направени тестови кои биле позитивни на MCI/MI. Но освен кај децките марамици, овој конзерванс е пронајден во голем број на производи за чистење на домот, козметички производи, креми, производи за затемнување и нега на косата.

Осипот може да се забележи со зацрвенување, но и со водени меурчиња. Експертите предупредуваат дека сите влажни марамчиња не содржат MCI/MI и затоа многу е важно да ја прочитате содржината на декларацијата. Алергиите предизвикани од MCI/MI се зголемени до толку во последните години што „American Contact Dermaitis Society“ минатата година прогласи „алерген на годината“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1