Се обеси заменик директорот на училиштето чии деца настрадаа со потонатиот траект


Заменик директорот на училиштето кој се спаси од потонатиот јужнокорејски патнички траект со стотина негови ученици, денеска е пронајден мртов, а медиумите пренесуваат дека се работи за самоубиство.

korea-traektТелото на педесет и двегодишниот Канг Мин-Кјуа е пронајдено во близина на гиманзијата, во која се наоѓаат родителите на 268 исчезнати од траектот, пренесуваат агенциите.

Претставник на полицијата изјавил дека причината за смртта се уште се истражува, но се шпекулира дека тој се обесил пред салата за физичко воспитување.

Од 475 лица на траектот, кој што потона во средата наутро, 352 биле ученици од средното училиште Данвон во градот Ансан, јужно од Сеул, кои патувале на екскурзија.

Во несреќата загинаа 28 лица, меѓу кои има и 12 ученици, додека 179 се спасени, а останатите 270 се водат како исчезнати. Канг Ми-Кју бил меѓу 179-те лица кои успеале да се спасат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1