25-годишниот Џеред Рибак од Индијана, за католички Божиќ на својата бремена девојка ѝ дал чај со состојки кои предизвикуваат абортус.
Девојката откако се напила од чајот забележала дека нешто не во ред и дека чајот има чуден вкус, поради што престанала да го пие и ја искористила првата шанса да го земе телефонот на своето момче.
Влегла во неговиот интернет пребарувач, и открила дека тој на “Google” барал начини да предизвика абортус.
Таа веднаш го пријавила во полиција кога открила дека во чајот ставил антидепресив кој се користи за менструални болки, а се поврзува и со абортусите.
Девојката, која се наоѓа во четвртата недела од бременоста и нејзиното бебе се во стабилна состојба, а Џеред пред полицијата се обидел да се оправда со изговорот дека психички и финансиски не е подготвен да стане татко.
Џеред сега го чека судење и му се заканува казна до 20 години затвор и нешто повеќе од 8.000 евра, а неговата моментална кауција изнесува 16.000 евра.