Се обидела да го убие сопругот- не и подарил ништо за Денот на вљубените


Полицијата во Јапонија уапсила 43-годишна жена под сомневање дека се обидела да го убие сопругот, откако тој не возвратил на нејзиниот подарок за Денот на вљубените.

Жената од Сакаи во западната јапонска префектура Осака е уапсена во нејзиниот дом по повикот за помош од нејзиниот 12 години помлад сопруг, пренесуваат тамошните медиуми, повикувајќи се на извори од истрагата._sp-sveti-trifun-valentin

-Тој не ми возврати на подарокот за Денот на вљубените. Бев бесна…, рекла жената именувана во извештајот како Нишијама.

Полицијата дошла на повикот малку по полноќ токму во моментот кога гневната жена го давела мажот со вратоврска. Мажот притоа се здобил со полесни повреди.

-Вистина е дека му ја ставив вратоврската на вратот, но немав намера да го убијам, изјавила жената во полицијата, чиј претставник изјавил дека сепак е уапсена под сомнение за обид за убиство.

Појаснила дека била „вознемирена“ од тоа што сопругот не и’ купил подарок за таканаречениот „Бел ден“ кој се паѓа на 14-ти март, кога во Јапонија сопрузите им возвраќаат на жените на подарокот кој овие им го купуваат еден месец порано, на Денот на вљубените.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1