Поскапа венчавка, пократок брак


Брачните двојки чија венчавка чинела 15.000 евра и повеќе имаат четири пати поголема шанса да се разведат отколку младенците кои за садба потрошиле меѓу 4.000 и 8.000 евра.

Најскромните двојки чија садбена веселба не била поскапа од 800 евра обично остануваат најдолго заедно, покажала американската универзитетска студија објавена на сајтот БФМ Бизнис.svadba445

Американците на свршенички прстен во просек трошат 5.855 долари, за изнајмување на просторот за прослава околу 14.000 долари, за мени по гостин 68 долари, а за жива музика 3.587 долари, покажала анкетата спроедена по примерок од 16.000 двојки венчани во текот на 2014 година.

Французите во просек трошат два пати помалку од Американците за венчавка.

Француските младенци најмногу трошат за самата прослава, изнајмувањето на салата, музиката, храната и пијалакот и тоа во просек по 6.000 евра, но и за венчаницата во просек меѓу 800 и 2.000 евра, се наведува во истражувањето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1