Две лица се обиделе да украдат бакарен лим од кровот на хотел во Жабљак. Полицијата ги фатила на дело.
Црногорската полиција ги уапсила Б.Л. (23) од Белград и Н.М. (31) од Пљеваља, кога се обиделе да го украдат кровот од хотелот “Језеро” во Жабљак.
Според полицијата двајцата крадци, во доцните вечерни часови, се качиле на кровот на хотелот и сечеле од бакарниот лим на кровната конструкција. Ги забележале и повикале полиција, по што се уапсени на лице место.
Добија кривична пријава за кражба и се во притвор, информира полицијата во Подгорица.