Во Париз е украден прстен вреден милион евра. Жртвата е 46 годишна жена која ја открила кражбата кога ги пресретнала двајцата злосторници во својата зграда. Кога влегла во нејзиниот стан, можела само да констатира дека сефот и е испразнет.
Двајцата крадци ја извршиле кражбата среде бел ден, а прстенот се проценува на милион евра. Покрај прстенот украден е накит во вредност од 30.000 евра.
Истражителите од Одделот за разбивање разбојништво се ангажирани во истрагата.