Се огласи КАЈМАКОСКИ: Македонец сум, не летав орел, ги покажував моите лакирани нокти


Кајмакоски после сите жестоки навреди и обвинувања од јавноста, се огласи на својот Фејсбук профил и од медиумите побара да ја објават вистината – односно она што во продолжение го напиша.

До сите медиуми:
Ова е единствена моја изјава во врска со случајот, досега не сум дал ниту една изјава за кој било медиум.
Доколку сакате да ја пренесете вистината, ве молам објавете ја.

Почитувани,

Морам да реагирам на сериозно обвинување кое е тотално невистинито и бесмислено. Се соочувам со бројни навреди и сакам да ја споделам вистината со вас.

Пред втората емисија на ТВ шоуто „Твоето лице звучи познато“ во Белград, кога во шминкерницата се подготвував за женска улога, фотограф ме сликаше како ги покажувам налакираните нокти во огледало.
Вчера во српски весник е објавена фотографија за која велат дека сум „ги прекрстил рацете во положба на албански двоглав орел“ и оттогаш се објавени само навредливи наслови и бројни обвинувања.

Во оваа професија навикнав дека слики, изјави и ситуации може да се извадат од контекст, и не сум ни прв, ни последен чија репутација е нападната на толку грозен начин, но ова е бескрајно безобразно и претерано извртување на вистината. Безобразно е не само кон мене, туку и кон сите оние кои ќе се почувствуваат испровоцирани и навредени од оваа ситуација.
Добро знам што значи тој знак и токму поради тоа никогаш не би го направил и навредил било кого.
Сликата е искористена за да се направи приказна, која толку се прошири, што морав да реагирам. Единствената вистина е во овој текст.
Моето покажување нокти за женска улога во ТЛЗП, нема никаква врска со тој симбол.

Ме напаѓаат и обвинуваат дека сум ја навредил Србија. Никогаш не би навредил ниедна држава, а камоли Србија, во која ја започнав кариерата и во која имав толку успеси, или пак мојата земја, Македонија.

Разочаран сум од овој напад врз мене. Секогаш сум се трудел да бидам коректен и професионален. Никогаш не би направил нешто за да навредам било кого, тоа едноставно не е во мојата природа.

Сакам да ја исчистам лагата од моето име пред моето семејство, публиката и сите добри луѓе.

Сите кои ме познаваат, знаат дека нема потреба да се оправдувам. Но, сметам дека јавноста мора да ја знае вистината.
За се` друго ќе се погрижат моите адвокати.

Со почит,
Даниел Кајмакоски

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1