Таткото на прободениот полицаец Филип Филиповски во дискотека во Марино, Гоце Филиповски, пред неколку часа повторно се огласи на фејсбук каде напиша дека ги земал личните работи на синот, а меѓу нив нема нож.
– Ги земав личните предмети на син ми од болница, меѓу нив има лични документи и парфем, нема нож како што имале сторителите, така сум го воспитал да ги сака луѓето, да помогне каде што може. Правеше големи сметки на телефон донирајќи за некоја објава за помош на лица за кои се собираа парични средства потребни за лекување. За разлика од него, сторителите синови на висок функционер, излегуваат на забава со ножеви, се прашува ли некој надлежен со каква цел е излегувањето на млад човек во дискотека со нож, пишува тој.
Претходно, таткото на Филип напиша дека неговото дете било избодено од син на функционер на СДСМ и побара да не се заташка случајот, зошто денес е неговото дете, утре друго.
– Мојот син Филип беше прободен со нож во саботат во дискотека во Марино, се бори за живот со тешки повреди, а извршителите се две деца од Петровец, еднииот син на поранешниот Градоначалник на Петровец, Звонко Цветковски, сегашен висок функционер во МВР. Поводот за овој напис е обид да се стави крај на овие случувања и според првични информации обид да се изменат изјавите на децата сведоци кои беа дадени во мое присуство во Државна, кога дирекно беа посочени сторителите. Важно е да ја добијат заслужената казна, затоа што каков човек треба да бидеш да имаш таков нож при себе за излегување во дискотека? Денес беше Филип, утре ќе биде некое друго дете доколку успеат да се спасат благодарение на високата позиција во МВР на нивниот татко, напиша таткото на Филип, Гоце.
Од друга страна, Ѕвонко Цветковски за ТВ24 демантира дека неговите деца се виновни за прободувањето, иако вели учествувале во тепачката, но и тие се повредени.