Млада Иранка е обвинета дека за помалку од две години десетпати била во брак и се развела за да заработи пари.
Измамата на 20-годишната Иранка е овозможена од исламскиот закон, според кој на жените им се гарантира финансиска сума, договорена пред брак, која на барање на невестата може да ѝ биде дадена по завршувањето на свадбата. Во Иран шеријатот се спроведува од 1979 година, а невестата со младоженецот договара мираз, кој традиционално е во златници.
Девојката ги отфрла сите обвиненија, златнците ги барала веднаш по мажењето, а притоа никогаш не го козумирала бракот. Мажите морале да плата половина од договорената сума за да не го прекршат законот, но девојката се согласувала и на помала сума.
Разведена жена во Иран може да го избрише презимето на мажот од лична карта, но само ако лекарот докаже дека и понатаму е девица. Обвинетата девојка тоа повеќе пати го правела.
– Невина сум. Сите мои бракови биле легални и сопрузите доброволно се со мене, а се разделуваме поради одредени разлики – истакна девојката на суд.
Измамата на невестата ја открија службениците во технеранската општина, на кои им било сомнително нејзиното често менување на личната карта. Судот ја обвини за измама и за обид за нелегален профит.