М.М.(43) од Ниш се развела од својот сопруг и со договор се омажила со седумдесет и двегодишниот свекор само за да ја наследи пензијата од 800 евра. Вакви случаи се повеќе има во Србија, се со цел да се обезбеди финансиска стабилност
М.М се развела од сопругот кога се вратил од странство бидејќи таму не можел да најде сезонска работа. Таа се премажила за свекорот.
Како што растеле децата и им се зголемувале трошоците тие барале начин како пезнијата од странство на свекорот да ја задржат и единствен начин било таа на својот поранешен сопруг да му стане маќеа.
Таа се срами од сето тоа, посебно кога сега цело село знае.
-Сопругот е без работа, јас сум без работа, живееме само од пензијата на свекорот. Седнавме и се договоривме, јас ќе се грижам за него додека не умре, друго ништо не се промени, срамежливо раскажува снаата.
Таа смета дека не направила ништо неморално, туку дека само се изборила за сопствeната егзистенција.
-Помеѓу мене и свекорот нема ништо, спијам со маж ми во иста соба, функционираме како пар, а по селото само озборуваат. Зошто да пропадне пензијата која не е мала, кога ни јас ни маж ми не работиме, заклучува сопругата.