32 годишна жена, се онесвестила на подвижни скалила во метрото во Бродвеј, Њујорк.
Жената боледувала од епилепсија и и се слошило и добила напад додека била на ескалаторот.
Паднала и скалилата и ја зафатиле косата, ја влечеле по што огромен прамен на коса и отпаднал.
Минувачи веднаш потрчале да и помогнат.
Жената била однесена во болница и лекарите велат дека е во стабилна состојба, а Марк Вилорија, кој видел кога лекарите од брза помош ја префрлиле несреќната жена на носила и ја однеле во болница, вели дека „изгледала како да има болки“.
При паѓањето таа добила гребаници по лицето, рацете и нозете, а бидејќи скалилата продолжиле да ја влечат со себе, ѝ отпаднал огромен прамен коса, кој се заглавил меѓу скалилата.
Подвижните скалила на кои се случил несреќниот настан ќе останат затворени до петок.