Се откажуваат резервациите во Охрид


Хотелиерите од Охрид, стравуваат дека дел од најавените гости, можеби ќе се поколебаат да тргнат на пат за новогодишен дочек, по целокупната ситуација по патиштата завеани и заковани во снег и во студ.

pat sneg

Сепак, некои од угостителите, сопственици на ресторани, кафулиња и ноќни клубови, се пожалија дека дел резервации им се откажани и тоа не само од подалечни земји, туку и од Скопје и од други македонски градови.

Бугарските туристи, како и минатата година, се очекува да бидат најбројни на охридската ривиера за дочекот на новата 2015 година. Во хотелите „Метропол-Белви“ и годинава се најавени најмногу бугарски туристи, кои треба да дојдат со шест автобуси и сопствен превоз. Од хотелите, за новинската агенција „Мета“, искажаа надеж дека сè ќе биде како што е и договорено, дека засега немаат откажувања на аранжмани. Заедно со Бугарите, таму и гости од Србија, малку и од Македонија, ангажирале 280 соби.

Хотелот „Инекс“, исто така, е целосно ангажиран за три, четири и за петдневни аранжмани. Хотелот „Силекс“ е ангажиран со гости од Полска, Бугарија и од Македонија.

Интерес за новогодишните празници покажаа и туристи од Црна Гора, како и подалечните земји Полска, Романија и Унгарија.

meta.mk/

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1