Во средина на Сибир се наоѓа џиновски кратер, кој поради застрашувачкиот изглед, локалното население му дало име „врата на подземниот свет“, пишува Би- Би- Си.
Она што го вознемирува населението е дека дупката непрестано се шири во наредните 50 години.
Длабокиот кратер „Батајга“ е настанат поради глобалното затоплување. Земјата е прошарана со пукнатини во кои се собира вода, која останува замрзната по илјада години.
Кратерот е длабок 120 метри, а широк еден километар.
Кратерот ќе им помогне на научниците да извршуваат истражувања за промените на температурата за време на ледено доба, која им е доста непозната.