Се отвори земјата – во дупката под музејот на олд-тајмери пропаднаа скапи автомобили


Во американскиот национален музеј во Кентаки посветен на автомобилските модели на „Корвета шевролет“ се отворила дупка во која пропаднале осум олд-тајмери со висока вредност

12022014175206_muzej avtomobiliДиректорот на музејот, Вендел Строуд, изјавил за локалните медиуми дека отворот во земјата е долг 12 и широк 6 метри. Настанот се случил утрово.

„Пред да ги извадиме другите експонати стручни екипи испитуваат статиката на зградата“, објаснил директорот.

Нема повредени лица во овој инцидент. Зоната околу дупката е затворена за посетители, а остатокот од музејот е отворен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1