Славни личности кои починале од рак


Оваа опака болест не одбира години, не одбира имиња и имиња и не знае за милост, едноставно коси сѐ пред себе. Еве некои од познатите луѓе кои не успеале во борбата со канцерот:

k1СТИВ ЏОБС (1955-2011)

Стив Џобс беше многу влијателен претприемач и пронаоѓач. Тој најмногу е познат како ко-основач на Apple, и како надгледувач на развојот на iMac, iTunes, iPod, iPhone и iPad. Но тој исто така беше и ко-основач на Pixar Animation Studios и беше извршен продуцент на „Toy Story“. Во 2003 година му беше дијаностициран еден вид на рак на панкреасот (невроендокрин тумор). Во 2008 година во Блумберг беше предвреме објавена неговата смрт. На ова Стив одговорил: „Извештаите за мојата смрт се во голема мера претерани“. Стив продолжил да работи на нови производи за Apple се’ до денот пред својата смрт. Неговите последни зборови биле “O wow. O wow. O wow.

k2ФАРА ФОСЕТ (1947-2009)

Фара Фосет е веројатно најпозната по својата главна улога како Jill Munroe во ТВ шоуто „Чарлиевите анѓели“. Таа исто така е запаметена како икона на постерите предавани во 20 милионски копии, на кои таа позира во црвен костим за капење. На Фосет и беше дијагностииран анален рак во 2006 година. Таа почина на 62-годишна возраст, на интензивна нега во болницата Санта Моника, а покрај неа биле долгогодишниот партнер Рајан О’Нил и пријателката Алана Стјуарт.

k3ПАТРИК СВЕЈЗИ (1952-2009)

Патрик Свејзи беше познат актер и танчер, а сите го препознаваа најмногу по филмовите „Dirty Dancing“ и „Ghost“. Во 1991 година магазинот People го прогласи за најсекси маж. Во 2008. година на Патрик му беше дијагностициран рак на панкреасот во 4. стадиум.

Иако тој на Барбара Волтерс и изјави дека ќе се избори со ракот, сепак, тој почина следната година. Патрик беше долгогодишен страстен уживател на цигарите.

k4ДОНА САМЕР (1948-2012)

Пеачката Дона Самер ја достигна својата слава во диско ерата. Опишана како неприкосновена кралица на диско бумот од седумдесетите, таа освои 5 Греми награди и продаде преку 150 милиони примероци. Таа почина во својот дом во Флорида, на возраст од 63 години по 10 месечна битка со ракот на белите дробови. Дона верувала дека ракот и се појавил како последица од вдишувањето на токсичните материи од воздухот по терористичките напади од 9/11 во Њујорк, а не од цигарите.

k5БОБ МАРЛИ (1945-1981)

Пејачот од Јамјка Боб Марли е човекот кој најчесто се поврзува со реге музиката. Нему му беше дијагностициран рак на кожата (малигнен меланом) на еден од неговите нокти, во 1977 година. Тој одбил да му биде ампутиран прстот. За неговата песна „Redemption Song“ од 1980 г се верува дека е инспирирана од неговата ситуација. Боб починал во болница во Мајами, на 36 годишна возраст, откако ракот му се проширил на неговите бели дробови и мозокот. Неговите последни зборови упатени до синот Зиги Марли биле порака дека „парите не можат да го купат животот“.

k6ЖАКЛИНА КЕНЕДИ (1929 – 1994)

Џеки Кенеди не беше само сопруга на претседателот Џон Ф Кенеди. Таа беше и модна икона во своето време. Во нејзините последни 2 децении Џеки работеше како книжевен уредник. Исто така се залагала за зачувување на Њујокшката архитектура. На Џеки и беше дијагностициран рак познат како Хочкин лимфом во јануари, 1994 година. Таа почина дома во сон во мај истата година. Според нејзиниот син, ЏФК Џуниор: “Мајка ми почина опкружена со нејзините пријатели, семејството и нејзините книги, луѓето и работите кои таа ги сакаше.“ Џеки пушела по 3 кутии цигари на ден.

k7ВОЛТ ДИЗНИ (1901 – 1966)

Како основач на империјата Волт Дизни, Волт Дизни е еден од најголемите и највлијателните имиња во забавниот живот. Тој е познат како филмски продуцент, режисер, сценарист, гласовен актер, аниматор, претприемач, филантропист. Неговиот глас беше оригиналниот глас на Мики Маус. Волт Дизни беше страстен пушач, и единствено се воздржувал само пред своите деца. На 2 ноември, 1966 му беше дијагностициран рак на белите дробови. На 15 декември, неговата смрт беше предизвикана од акутен циркулаторен колапс. Последните напишани зборови на Волт биле “Курт Расел” – но никој не знае зошто.

k8АЛЕК ГИНИС (1914 – 2000)

Сер Алек Гинис е англиски актер со долга и истакната кариера. Тој освои Оскар за најдобар актер за неговата улога во 1957 за “Мостот на реката Кваи”. Но тој веројатно е најдобро познат како Оби-Ван Keноби од филмовите “Војна на ѕвездите”. На возраст од 86, Сер Алек почина од рак на црниот дроб, но, исто така, претходно му беше дијагностициран и рак на простата. Неговата сопруга – кој исто така беше 86. годишна- почина од рак на црниот дроб, по само 2 кратки месеци по смртта на нејзиниот сопруг.

k9ОДРИ ХЕПБЕРН (1929 – 1993)

Одри Хепберн била една од најголемите актерки на сите времиња, како и една од најубавите жени во светот. Таа освои повеќе награди, и се појави во филмовите како што се: “Појадок кај Тифани”, “Празник во Рим”, и „Почекај додека да се стемни”.

Одри почина во нејзиниот дом во Швајцарија, во јануари 1993 само неколку месеци откако и беше дијагностициран со рак на цревата.

k10ФРЕНК СИНАТРА (1915 – 1998)

Легендарниот пејач Френк Синатра е еден од најпродаваните артисти на сите времиња. Тој освои 11 Греми награди, и е познат по песните како “Њујорк, Њујорк”, “Странци во ноќта” и “Мај Веј”. Неговата смрт на возраст од 82 се припишува на компликации кои произлегуваат од деменција, срцеви и бубрежни заболувања и рак на мочниот меур. Следната вечер осветлувањето на Лас Вегас Стрип беше затемнето за 10 минути, а светлата на Empire State Building беа променети во сино.

k11ПОЛ ЊУМЕН (1925 – 2008)

Пол Њумен има добиено многу награди за своето актерство, но тој е, исто така, запаметен како професионален тркач со автомобили, и како голем хуманитарец. Пол почина на возраст од 83, откако се бореше со ракот на белите дробови. За него се вели дека бил долгогодишен страстен пушач.

Извор – Кукурику.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1