Жител на Филаделфија бил вознемирен поради необичната зелена течност сместена во дупка која ненадејно се отворила на една од улиците. Тој ја фотографирал и ја објавил на социјалните мрежи по што се развила вистинска дискусија, дали зелената течност е хемикалија, дали е радоактивна итн.
Сепак, иако сето ова наликувало на сцена од некој научнофантастичен филм, на крајот било откриено дека всушност станува збор за најобична вода, а зелената боја таа ја добила од вештачката боја за храна. градската компанија за водостопанство ја користела вештачката боја за полесно да ја откријат причината за создавањето на ваквите дупки, па токму и тоа било соопштението кое што ги смирило жителите на Филаделфија.
За кратко време, дупката била затрупана, а со тоа престанале и шегите дека било откриено живеалиштето на Нинџите.