Дупка со пречник од 30 метри се отворила под куќа во американскиот град Брендон, на Флорида и го голтнала 36-годишниот Џеф Буш кој спиел на својот кревет.
Во куќата во моментот на отворањето на дупката која била длабока 15 метри, се наоѓале пет возрасни лица и едно дете. Неговиот брат Џереми од ивицата на дупката го спасиле пожарникарите, бидејќи дупката почнала да се шири. Со помош на радари се обиделе да видат дали жртвата дава знаци на живот, но претпоставуваат дека најверојатно загинал.
Се претпоставува дека дупката настанала по природен пат и дека ќе продолжи да се шири. Поради зголемената опасност полицијата ја евакуирала целата населба.