Се плашите да јадете јајца, сланина, кобасици, масна храна – тоа се лаги на нутриционистите


Се плашите да јадете јајца, сланина, кобасици, масна храна? Се плашите од калориите, холестеролот, страв од дебелеење?

Кога ќе ги прочитате овие 10 нутриционистички лаги ќе ви биде полесно. Веројатно венаш ќе го отворите фрижидерот и ќе ја наполните чинијата со она што досега сте го избегнувале.

Лага број 1 – Јајцата се нездрави

Јајцата се неверојатно здрави! Факт е дека состојките во јајцето се толку хранливи што од што од една единствена ќелија расте пиле. Јајцата се на лош глас поради информациите за голема количина на холестерол, но тоа не ја зголемува количината на т.н лош холестерол во крвта. Јајцата се совршена храна за луѓето – полни се со витамини, минерали и единствените антиоксиданси кои ги штитат очите. Тие се и одличен извор на колин, нутритиент кој е многу важен за работата на мозокот.

Лага број 2 – Секоја калорија е иста

Се смета дека за губење на тежината најважната работа е потрошувањето и внесот на калории. Меѓутоа, не е сеедно од која храна доаѓаат калориите. Имено, различните видови на храна низ телото поминуваат низ различни метаболички процеси. Пример, фруктозата може да го поттикне апетитот, а глукозата да го намали.

Лага број 3 – Животинските масти се нездрави

Долго се веруваше дека заситените масни киселини, кои се наоѓаат во животинскте масти се нездрави. Истражувањата покажуваат дека тие потполно се безопасни и не го зголемуваат ризикот од болести на срцето и крвниот систем. Тие го зголемуваат добриот холестерол, а лошиот го преобликуваат во безопасен подтип холестерол.

Лага број 4 – Многу протеини се нездрави

Зголеменото внесување на протеини долгорочно ги зацврстува коските и ја намалува можноста од кршење на коските во староста. Не е вистина дека премногу протеини им штетат на бубрезите, иако бубрежно болните би требало да избегнуваат преголем внес на протеини. Имено, протеините го намалуваат ризикот од дијабетес и висок крвен притисок.

Лага број 5 – Сите треба да јадат леб од цели зрна јачмен

Се повеќе има докази дека јачменот предизвикува разни здравствени проблеми. Имено, јачменот е најголем извор на глутен во исхраната, а многу луѓе се чувствителни на него, па поради тоа може да дојде до проблеми со варењето, проблеми со мозокот (шизофренија, аутизам…). Научниците дури препорачуваат јачменот воопшто да не се јаде.

Лага број 6 – Кафето е нездраво

Вистина е дека кафето може малку да го зголеми крвниот притисок. Но, истражувањата покажуваат дека оние кои пијат кафе имаат 67% помал ризик за заболување од дијабетес тип 2, помал ризик за заболување од Алцхајмер и Паркинс и 80% помал ризик од болести на црниот дроб. Освен тоа, кофеинот помага во мобилизација на масните киселини, го зајакнува метаболизмот, а благотворно делува и на фукнцијата на мозокот. Кафето е полно и со антоксиданси – содржи дури овеќе од некои овошје и зеленчук.

Лага број 7 – Месото е нездраво

Вистина е дека преработеното месо се поврзува со разни болести, но непреработеното црвено месо не би требало да се избегнува. Истражување од 2010 година направено на 1,2 милиони луѓе открило дека нема значајна врска меѓу кардиоваскуларните болести и дијабетесот со црвеното месо. Црвеното месо е многу хранливо: полно е со витамини, минерали, квалетитни протеини, здрави масти и нутритиенти важни за телото и мозокот.

Лага број 8 – Најздравата исхрана е нискомаслена и висококарбонска

Истражувањето спроведено долги 7,5 години покажало дека група на жени кои се хранеле со нискомаслена храна тежеле во просек само 0,4кг помалку од групата која се хранела „нормално“, а немало и пораст на кардиоваскуларни болести или рак.

Лага број 9 – Билните и маслата од рафинирано семе се здрави

Соиното, сончогледовото и пченкарното масло наводно се здрави. Но, тие содржат омега 6 масни киселини чие претерано внесување може да предизвика разни болести. Освен тоа, се поврзуваат и со зголемен ризик од болести на срцето и крвните садови.

Лага број 10 – Од маснотии се дебелеете

Иако звучи логично да се здебелите од маснотии, тоа не е баш така едноставно. Иако мастите имаат повеќе калории од протеините или јагледните хидрати масната исхрана нема да ве здебели. Имено, во последно време се популарни се диетите во кои се јаде масна храна, а се избегнуваат јагленихидрати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1