4 ипол години затвор за новинарот Кежаровски – затвор добија сите 8 обвинети во Ликвидација


Новинарот на „Нова Македонија “ Томислав Кежаровски е осуден на затворска казна во траење од 4 ипол години .

kezarovski

Најголема затворска казна од осумте обвинети доби поранешниот истражен судија Валентин Зафиров во траење од 5 ипол години. Обвинителот Ивица Ефремов за три кривични дела е осуден како и новинарот Кежаровски на затворска казна во траење од  4 ипол години.  Судијата  Иле Танев на два ипол години.

Сабедин Џини-Хофман доби една година и шест месеци затвор, пензионираниот врховен судија Борис Николовски ќе биде во затвор една година, Јане Павловски доби 1,6 години затвор, а поранешниот судија во велешкиот суд Сашко Лазаров е осуден на затворска казна во траење од една година.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1