Студија објавена во списанието „Nature Medicine“, покажала дека е создаден бубрег помалку ефикасен од природниот. Но, научниците велат дека направиле голем чекор во истражувањето.
Бубрезите ја филтрираат крвта за да се отстрани отпадот и вишокот на вода. Тие се најбараните органи за трансплантација, за нив се чека долго време, пишува Би-Би-Си. Бубрегот, кој „порасна“ во лабораторија е успешно трансплантиран во животни, каде што почнал да произведува урина, велат американските истражувачи. Слични техники, со цел да се создадат наједноставните делови на телото веќе се користени на пациенти, но бубрегот е еден од најкомплексните органи кој е направен досега.
Визијата на истражувачите е да се земе стариот бубрег и од него да се отстранат старите клетки и да се обноват клетките на пациентот. Тоа ќе има две големи предности во однос на сегашните трансплантации на органи. Ткивото ќе одговара на пациентот, па така тие не треба цел живот да земат лекови за да го спречат отфрлањето на органот.
Истражувачите од Општата болница во Масачусетс ги презедоа првите чекори кон создавање на вештачки бубрег. Тие земале бугрег од стаорец и ги отстраниле неговите стари келтки. Кога подоцна го тестирале во лабораторија, производството на урина достигнало до 23 отсто.
Кога истражувачите потоа го трансплантирале бубрегот назад во телото на стаорецот, ефикасноста на бубрегот паднала на 5 проценти. Сепак, водечкиот истражувач, д-р Харалд От, изјавил дека враќањето на мал дел од нормалната функција може да биде доволна:
-Ако сте на хемодијализа, тогаш функцијата на бубрезите е 10 до 15 проценти. А тоа значи дека вештачкиот бубрег може да ја спречи потребата за дијализа.
Професор Мартин Бирчал од Универзитетот во Лондон, изјавил дека истражувањето е импресивно и многу интересно.
-Доколку ова може да се пресади на луѓето, тоа би значело совршенство во медицината, бидејќи бубрезите се најбараните органи за трансплантација, вели професор Бирчел.
Превод – Дененшен