Британскиот астроном Патрик Мур, ја шокираше јавноста со откритието дека на четврти јануари 2014 година, ќе се случи необичен астрономски настан, кој ќе овозможи луѓето да лебдат на Земјата.
Според неговите зборови, на четврти јануари во девет часот и 47 минути, планетата Плутон ќе помине зад Јупитер во однос на нашата планета, што ќе предизвика слабеење на гравитационата сила на Земјата. Тоа до некаде, ќе овозможи луѓето да можат да „лебдат“.
Овој астроном тврди дека ако тој ден во истиот тој час скокнете во воздух, наместо да се приземјите за 0,2 секунди, тоа ќе се случи дури за три секунди.
Се поставува прашањето дали ова навистина ќе се случи затоа што такво нешто беше најавено и за април 1976 година, но тогаш ништо не се случи. Така што, голема е можноста и овој пат неговите прогнози да не се остварат.