Повеќе од 200деца во последниве месеци побараа лекарска помош поради покачување на телесната температура, а поради компликации седум од нив се префрлени во болниците со возила на Брзата помош.
Што е причината за оваа епидемија никој не знае со сигурност.
Ги напаѓа децата од 6-9 години.
Од Заводот за јавно здрвство и Клиниката за детски болести во Сплит јавуваат дека децата подлегнале на повеќе истражувања.
-„Целата епидемија е под контрола, а постои и соработка меѓу надлежните служби. Исто така, станува збор за болест која не бара пријавување во Законот за заштита од зголемување на заразни болести. Но, поради компликации, алармирана е епидемиолошката служба.“- вели Д-р Нада Јелавиќ.
Истражувачите сметаат дека една од причините за заразување е и водата за пиење.