Се појавија нацртите за 15-те нови барок фасади – Вака ќе изгледа скопската НАМА


Петнаесет згради во центарот на градот ќе добијат нови барокни фасади. Градоначалникот Коце Трајановски в среда ќе бара согласност од Советот на Град Скопје за новиот изглед на зградите, кои треба да почнат да се реконструираат на пролет.

Врз основа на идејните решенија, изработени се основни проекти за објектите “Метропол”, некогашна НАМА, за “Пелагонија”, за 7 згради на улица Никола Вапцаров, за 4 згради на улица Македонија и за 2 згради на улица Димитрие Чуповски.

Ова е првпат Град Скопје јавно да ги објави проектите за изгледот на зградите, пред да почнат градежните активности на терен.
Град Скопје досега реновираше три згради. Први беа фасадите на ресторанот “Пелистер” и на кафулето “Тренд”, кои чинеа 320.000 евра, плус 110.000 за осветление на зградата на ресторанот “Пелистер”. За фасадите на зградите од ресторанот “Пелистер”, до зградата на ГП “Пелагонија”, од градскиот буџет беа потрошени околу 1 милион евра.

Vest.mk

F20865B42CEDA44B93C0B241826F5BE3

7CDE33FC7D70434CAAC83F87130EBA40

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1