Се помалце се пие Кока-кола – компанијата забележа пад на продажбата


Продажбата на безалкохолните пијалоци на компанијата „Кока-кола“ за прв пат по 15 години во првиот квартал од годинава е намалена. Тоа придонесе за намалување на нето профитот на компанијата за осум отсто и на падот на вредноста на акциите.

Image: couple walks by Coca-Cola signЗа три месеци профитот на компанијата изнесува 1,62 милијарди долари или 0,36 долари по акција. Приходите на компанијата се намалени за четири проценти во однос на првите три месеци од минатата година, на 10,57 милијарди долари. Ревидираната добивка по акија на „ Кока-кола“ е 0,44 долари по акција.

Посебен пад на продажбата, повеќе од 10 проценти, е забележан во Велика Британија.

Се претпоставува дека еден од факторите за намалената продажба на безалкохолните пијаолци на оваа компанија е кампањата за здрава храна во која се атакува на пијалоците кои содржат големи количини на шеќер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1