Се породи 11 годишно девојче, жртва на силување


Единаесет годишно девојче од Парагвај, кое било силувано од момчето на нејзината мајка, се породило во болницата во Асунсион.matka porogjaj bremenost

Овој случај предизвикал многу негодувања во Парагвај, каде најголем дел од жителите се католици, бидејќи властите не му дозволиле на девојчето да абортира.

Абортусот со Парагвај е забранет, освен во случај кога животот на мајката е во опасност.

Девојчето имало 10 години кога било силувано, а во мај годинава наполнила 11. Таа се породила со царски рез и родила девојче тешко 3,5 килограми.

Детето ќе се вика Милагрос, што на шпански значи чудо. Таткото, пак, Жилберто Мартинез Зарате (42) е уапсен и чека судење поради сторено силување. Мајката на девојчето исто така е уапсена поради негрижа, но и било дозволено да ја посетува ќерката за време на бременоста.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1