Се потчукнале со колите – извадил пиштол и го убил со истрел во срцето за 1000 дин штета


Четириесет и четиригодишниот Срѓан Алексиќ од Житораѓа кај Владичин Хан во средата со пиштол го усмртил педесет и тригодишниот Љубиша Николиќ од селото Ораовица кај Грделица по кратка кавга по судар во сообраќајот.

Николиќ управувајќи возило “рено клио“ со француски таблички, одзади го удрил “југото флорида“ со врањанска регистрација. Веднаш по сударот возачот на југото Алексиќ запрел, излегол од возилото и со пиштол му пукал во срце на Николиќ.u1-620x396

 

Љубиша починал на самото место, а по убиството Алексиќ го фрлил пиштолот и останал на патот, покрај своето возило. Полицијата набрзо стигнал и го уапсила Алексиќ кој е притворен во интервентното возило на полицијата до завршувањето на увидот.

Невенчаната сопруга на Алексиќ за новинарите не сакала да даде изјава.

Увидот покажал дека на материјалната штета на југото е минимална, дури и помала од 1.000 динари зошто бил само малку изгребан браникот на и така стариот автомобил.

Но тоа со живот го плати Љубиша кој доби куршум директно во градниот кош, при што му било распорено срцето.

Поради оваа трагедија сообраќајот бил делумно во прекин и пренасочен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1