Се потпиша договорот меѓу Македонија и Грција


По обраќањето на двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, во Псарадес се потпиша договорот за промена на името на Македонија. Со ова според двајцата лидери се стави крај на тридеценискиот спор меѓу двете држави.

Со договорот е предвидено ерга омнес име за земјава, Република Северна Македонија.

На свечената церемонија, во чие подготвување беа вклучени повеќето жители на ова мало рибарско место од грчката страна на Преспанското Езеро, присуствуваат и високи претставници на меѓународната заедница, медијаторот на Обединетите нации во решавање на спорот, Метју Нимиц, чија кариера меѓу другото ја одбележа посредувањето меѓу Македонија и Грција во обидите да се изнајде решение.

Присутна беше и потсекретарката за политички прашања на Обединетите нации Розмари Ди Карло, високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и заменик-претседателка на Европската комисија, Федерика Могерини, како и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан.

Во македонската делегација освен премиерот Заев и шефот на дипломатијата Димитров, се и вицепремиерите – министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, министерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Церемонијата се одвива под зајакнати мерки за безбедност, а на неа присустваат голем број новинари, од Македонија, Грција, но и од други земји.

По потпишувањето, официјалната средба на двете делегации ќе продолжи на македонска страна на Преспа, во Отешево, каде што ќе има билатерален разговор и свечен ручек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1