Матичните лекари на подрачјето на Гостивар периодов бележат случаи на деца заразени од егзантема субитум или народски викана „шеста болест“.
Вирусот се карактеризира со висока температура и исип по рацете и нозете што посебно ги загрижува и збунува родителите. Педијатрите порачуваат дека нема место за паника, затоа што се работи за детска болест која трае неколку дена и вообичаено поминува без никакви последици. На педијатриското одделение во гостиварската општа болница со симптоми на шеста болест било третирано само едно дете, пишува КИС.
Рубеолата и морбилите се манифестираат со слични симптоми, поради што кај родителите се создава забуна и поголем страв. Педијатрите објаснуваат дека за разлика од овие болести, исипот кај шестата болест се појавува при опаѓање на температурата.
Децата треба да примаат лекови против температура, да пијат течности и да мируваат.
Лекарите објаснуваат дека појавата на „шестата болест“ кај децата е вообичаена за овој период од годината и дека по прележувањето, организамот создава траен имунитет.
Етзантема субитум (РОЗЕОЛА) се јавува кај деца од 6 месеци до 3 години Првите симптоми се температура од 39.4-41.2. Детето е нерасположено и нервозно.
Брумките почнуваат на телото а потоа може да се прошират и на вратот и екстремитетите.
Останати симптоми:
црвено грло, диареа, кашлица, растечен нос.