Се повеќе измислени сообраќајќи во Македонија – за да се собере пари од осигурување


Директорот Ѓорчевски вели работат стручно и професионално и без разлика што се под капата на државата. Вештите наоди не ги прават по секоја цена да се во корист на обвинителството или државните институции.

soobrakajkacentar– Ние секое вештачење го работиме професионално и без притисоци. Во случаи каде што во право се физички и правни лица ние го даваме тоа мислење, изјави Дени Ѓорчевски, директор на Бирото за судски вештачења.

Граѓанските судови каде што вештачењата ги плаќаат граѓаните кои се странки не им должат пари, но според Горгиевски тешко оди со наплата од кривичните судови кои само годинава им должат 8 милиони денари (130 илјади евра).

-Ние како државен орган имаме толеранција за нивната финансиска состојба за судовите и најтешките предмети. Реално ни должат околу 8 милиони денари на ниво на година. Сепак не сакаме да застане судскиот систем, вели Ѓорчевски.

Според Ѓорчевски, во подем се фингираните сообраќајки за чие разоткривање клучна улога имаат вештаците од бирото. Во ова им помагаат и современите методи како лиценцираниот софтвер Пи си краш (PC Crash) кој прави симулација како настанала сообраќајката.

– Последната година почесто ни доаѓаат такви предмети да ги провериме особено со овие европски записници бидејќи самите странки го потполнуваат записникот и тука се случуваат такви ситуации да некој сака нешто да намести и тоа доведува штета која треба осигурителната компанија треба да плати. Тука даваме доста поддршка да се открие дали стварно настанала сообраќајка, вели Ѓорчевски

Годинава бирото вештачело 2190 предмети и остварило приход од 16,5 милиони денари (270 илјади евра).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1