Се повеќе македонки – алкохоличарки: Пие и старо и младо


На здравје! Вака с` почесто се поздравуваат девојчиња и жени отколку мажи, покажала статистиката на болницата за зависности во Бардовци.

Според лекарите во болницата, Македонија во чекор го следи зголемувањето на бројот на алкохолни зависници, а особено жени. Загрижувачки е податокот дека с` повеќе се намалува и возрасната граница меѓу оние кога првпат почнуваат со консумација на алкохол

– Статистичките податоци за Македонија покажуваат дека бројот на лица што се зависни од алкохол, т.е. алкохоличари е околу 60.000-80.000, а од нив од 20.000 до 25.000 се од Скопје. – вели Васкова.

womendrinkingИскуствата на лекарката Васкова зборуваат дека, според зачестеноста, но и количеството на испиен алкохол, жените се с` поблиску до мажите. Најновите податоци се загрижувачки бидејќи многу е голем порастот на случите кога се опиваат девојчиња. Таа додава дека жените потешко ја признаваат зависноста, но и почесто и скришно сами пијат дома, па подолго време талкаат по разни лекари за третман на други телесни тешкотии што се јавуваат поради оштетувањата што алкохолот ги прави.

– Најмладата пациентка во моментот има 26 години. Но, за лекување ~ треба време. Лекувањето на алкохолизмот грубо кажано се состои од три фази.

Прва е фазата на детоксикација, односно прочистување на организмот и воспоставување апстиненција. Трае околу три недели.

Woman Drinking1

Втората фаза од лекувањето опфаќа интензивен психо-социотерапевтска програма, во која се вклучени и двајцата сопружници или еден од родителите на алкохоличарката. Главна цел во оваа фаза е промена на однесувањето и на стилот на живеење на зависникот, но и на целото семејство. Се применува индивидуална и групна психо и социотерапија. Времетраењето на втората фаза е 2,5 до 3 месеци.

И третата фаза е продолжено лекување. Лекуваните алкохоличари, сега веќе апстиненти, заедно со членовите на своето семејство се вклучуваат во работата на клубовите на лекувани алкохоличари. Се работи во групи од 8 до 10 пара, кои се состануваат еднаш неделно. Ова е тежок и долготраен процес со основна цел зависникот кој е телесно и психички закрепнат да си го поврати авторитетот во семејството, повторно да се создаде рамноправност меѓу членовите во семејството, да се воспостави здрав семеен однос и создавање услови сите членови во семејството да станат поспособни на задоволителен начин да ги решаваат секојдневните проблеми, но без алкохол – објаснува Васкова.

Препорака е до оние што имаат проблеми со алкохолот да побараат совет во советувалиштето, кое работи во состав на Здружението на клубови на лекувани алкохоличари во просториите на „Даре Џамбаз“ во соба 14, но и на отворената телефонска линија 02 /31 65 542, од понеделник до четврток од 14 до 18 часот. Документација не е потребна, а анонимноста е загарантирана.

МариJа Тасев за Дневник

Повеќе на Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1