„Меѓаши“ алармира, се влошува состојбата со насилството врз децата во Македонија. Загрижувачки се зголемува бројот на педофилите и на оние кои вршат родосквернавење.На СОС телефонот имало дојави и од малолетници под 14 годишна возраст како осомничени за сексуална злоупотреба на дете.
Семејното насилство е во пораст, а најчесто жртви се децата. Детската амбасада „Меѓаши“ годинава регситрирала и нови случаи на родосквернавање и педофилија. Загрижува тоа што многу од овие настани остануваат премолчени, велат од „Меѓаши“, бидејќи извршителите се најчесто блиски роднини и жртвите, се плашат и се чувствуваат беспомошни.
На одбележувањето на Светскиот ден на превенција од насилство врз децата, „Меѓаши“, акцентот го стави на сирмаштијата и занемерувањето на децата како структурни проблеми од кои произлегуваат сите форми на насилство чиј што број постоајносе зголемува.
Малтретирањето на децата е присутно и во институциите посочи заменик народниот праворбанител кој потенцираше места каде има злоупотреби и насилстовто врз децата.
И училилиштата не се имуни од случи во кои се кршат детските права. Десетици претставки месечно добива секој училиштен Омбдусман.
Минатата година, според податоците на СОС телефонот за деца и млади, како и претставките до Народниот правобранител, најголем број од децата-жртви на семејно насилство се однесуваат на физичко и психичко насилство и негрижа врз дете. Овие податоци, велат од „Меѓаши“, го потврдуваат фактот дека во минатото, но за жал и сега, родителите често физичкото и психичкото насилство ги користат како дисциплински мерки, кое понатаму влије врз развојот и однесувањето на детето.