Цветан Стојановиќ од кумановско Четирце пред 8 години се повредил работејќи градежни работи на црно. Откако сите судски одлуки во Македонија завршиле против него, најавува дека ќе се жали пред Меѓународниот суд на правдата во Стразбур, пишува Радио Слободна Европа.
„Работев во Скопје, во Драчево, градежни работи навечер, на кровна конструкција на приватна куќа. Газдата ме држеше на црно, како и другите. Тој не плаќаше никакви давачки на државата. Не бев пријавен, ме удри струја од десет илјади волти. Куќата беше висока, далноводот бешеоддалечен пет-шест метри. Со шипка ја поткачив, ме удри струја, паднав во полубессознание и ме однесоа во болница, каде што поминав три месеци, а тој ни до ден денешен не се јави„.
Вака Цветан Стојановиќ, сега 30-годишен, од кумановското село Четирце, раскажува за својата несреќа што му се случила пред осум години. Обесштетување од сопственикот на фирмата не добил, поради што почнал правдата да ја бара по судски пат. По неколкугодишен судски спор во кој, како што вели, сè било против него, последната надеж му е Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.
Целата сторија ОВДЕ.