Една од најпопуларните и најбараните е тортата Шварцвалд- авантура во чија изработка не се осмелуваат да се впуштат почетници во кујната. Но, ви нудиме лесен рецепт за кој нема да ви биде потребно ниту печење
состојки:
– 500 г пишкоти
– 425 г цреша компот
– ½ чаша цреша џем
– 250 мл ладно кафе
– 900 мл крем за готвење (шлаг пена)
– 1 лажица шеќер
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 5 грама рендано чоколадо
подготовка:
“Во поедноставениот рецепт за Шварцвалд торта бисквитите кои се печат се заменети со бисквити -пишкоти”
1 Извадете ги црешите од тегла и чувајте го сирупот, на кого ќе му го додадете ладното (инстант ) кафе и ќе измешате добро.
2 црешите исецкајте ги на мали парчиња и се мешаат со џемот додека не се добие хомогена смеса.
3 Во шлаг пената , додадете една лажица шеќер и екстракт од ванила и матете додека не се создаде цврст крем.
4 Подгответе послужавник кој ви го собира во фрижидер. Секоја пишкота потопете ја накратко во мешавината на кафе и сирупот од слаткото од цреши, наредете ги бисквититеа во ред во послужавникот или тавчето.
5 Ставете ја смесата на цреши и џем во тенок слој врз пишкотите, а потоа додадете од кремот (шлаг) повторувајте го истиот редослед на редење додека не ги потрошите бисквитите.
6 Ставете ја тортата во фрижидер 3 часа, а потоа прекријте ја со остатокот од кремот и посипете великодушно со рендано чоколадо .