Се преправал дека е архитект 30 години – проектирал болници, школи


Лажен архитект е уапсен во Ман ла Жолију, место во близина на Париз, каде што надгледувал изградба на една куќа.

arhitekt

Чудните одлуки на овој „шарлатански“ градежник, ги приморало сопствениците на куќата да се охрабрат и да се распрашаат за него во комората за архитекти.

Констатирајќи дека го нема во ниту еден регистар, тие го пријавиле случајот во полиција. Според пишувањето на весникот Паризијен, измамникот признал на полицијата дека лажно се претставувал како архитект од 1983 година.
Се испоставило дека меѓу 2009 и 2013 година, склучил неколку деловни зделки во висина од 926,000 евра за кои сега ќе мора да одговара на суд.
За делата извршени во минатото, нема да биде кривично гонет, бидејќи истите се застарени.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1