Се преврте автомобил на патот Охрид – Кичево, еден повреден


Вчера во 05.30 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, патничко возило „Сузуки свифт“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ш.Р. (31) од Охрид, излетало од патот и се превртело.

Притоа, како што информираат од МВР, сопатникот во возилото А.Б. (67) од Охрид се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1