Патничко комбе во кое се превезувале и ученици излетало од локалниот пат за гостиварското село Падалиште, дознава КУРИР.
Според првичните информации, возачот на комбето од засега неутврдени причини изгубил контрола по што возилото излетало од патот и се превртело.
Повредените се пренесени во болница, но засега нема информации за нивниот број и карактерот на повредите.
Од СВР Тетово за КУРИР ја потврдуваат несреќата, но со повеќе детали ќе излезат подоцна во текот на денот.