Во голем број продавници по светот се продава лажен оцет, кој е опасен за здравјето.
Течноста може да предизвика изгореници на кожата и слузницата, бидејќи се произведува од синтетичка оцетна киселина, направена врз основа на нафтени деривати, пишува во британскиот весник „Телеграф”. Течноста е токсична и треба да се разредува со вода, коментираат експертите.
Експертите објаснуваат дека потрошувачите често го користат токсичниот оцет, бидејќи неговата цена е значително пониска.
Најчесто на етикетата со содржината не е наведено дека течноста всушност не е вистински оцет. Експертите советуваат луѓето да следат дали од состојките се содржи Е260. Токму оваа состојка е таа синтетичка киселина, која е опасна за здравјето.